
Вистински фудбалски спектакл вчеравечер доживеа Штип, се одбележа јубилејот 100 години постоење на ФК Брегалница. На Градскиот стадион, по долги години, се одржа незаборавен натпревар меѓу ветераните на Брегалница и легендарната Црвена Звезда од Белград.
На теренот се вратија големи имиња кои некогаш ги носеа боите на овие два клуба. Емоции, носталгија и спортска магија – сето тоа на едно место, пред преполни трибини и во атмосфера која ретко се гледа.
Брегалница во новата сезона од Втората македонска фудбалска лига влезе со една цел – да се врати во фудбалската елита на Македонија.
Инаку, Настанот ексклузивно се пренесуваше во живо на М Нет телевизија, а сите присутни си заминаа со едно чувство – гордост и благодарност што беа дел од овој јубилеен фудбалски празник.
Иван Митев, М-Нет