
На 12. септември (петок) под рефлектори на Градскиот стадион во Штип, ќе се одигра ревијален фудбалски натпревар по повод 100 години фудбалски клуб Брегалница.
Натпреварот ќе го одиграат ветераните на Брегалница и Црвена Ѕвезда, а мечот ќе се започне во 19 часот и по подолго време на штипскиот стадион ќе се одигра меч во вечерен термин.
Натпревар кој сигурно ќе буди спомени кај повозрасните генерации, средби на фудбалери кои можеби ќе се видат по првпат после неколку децении, а Штип ќе биде одличен домаќин за овој голем фудбалски настан.
Влезниците во претпродажба за овој меч се по цена од 150 денари.
Во новата сезона на Втората македонска фудбалска лига екипата на Брегалница влезе со една цел – враќање во фудбалската елита на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет