Големи резултати за билјард клубот Штип – второ место за Кире Донев на Државното првенство во Б девизија Мастерс лига

Големи резултати за билјард клубот Штип на Државното првенство во Б девизија Мастерс лига.

Штипјанецот Кире Донев го освои високото второ место и во градот под Исарот се врати со пехар, а пак останатите членови Љупче Козарев, Ангел Цветанов и Владо Режанков стигнаа до осминафиналето што претставува голем резултат и успех.

„Овој викенд на 30 август имаше Државно првенство во Б девизија Мастерс лига во билјард во Скопје. Каде што ние билјард клуб Штип учествувавме со четири учесници, еден од нив бев јас Кире Донев, го освои високото второ место, а другите натпреварувачи Љупче Козарев, Ангел Цветанов и Владо Режанков стигнавме со нив заедно до осминафинале, каде што сепак тие немаа среќа да продолжат понатаму, а јас како што реков продолжив и го освои второто место. Беше многу одлично, супер поминавме, сега наредните цели ни се нормално да одиме понатаму за прво место, со упорни тренинзи и се надеваме дека во Штип ќе носиме се повеќе пехари“, вели Кире Донев.

Клубот постои точно една година, а со упорна работа и тренинзи доаѓаат и одлични резултати.

„Веќе клубот постои точно една година до 6 септември, така да зголемување на бројот на членови е се повисок и се надевам дека така и ќе продолжи. Пробуваме да го направиме на повисоко ниво овој спорт во нашиот град, како што е веќе во сите други градови достигнат. Се надеваме дека ќе имаме и нови членови, нови таленти, ќе вежбаме упорно и се надеваме дека ќе одиме понатаму па и на Европско“, дополни Донев.

Билјард клубот Штип е првиот професионален клубот во градот под Исарот, а интересот за овој спорт постојано се зголемува, а со тоа се зголемува и бројот на членови во клубот.

Александар Ванев, М-Нет