Зголемен бројот на невработени, граѓаните разочарани, ниските плати-најголема причина

Зголемен бројот на невработени, граѓаните разовачарани, ниските плати-најголема причина. Иако од една страна работа во изобилие, од друга страна граѓаните на терен едногласи, платите ниски, нема вреденување, а со тоа и никаква надеж. Современиот начин на живот и технологиите, единствено светло кај млади, да се изборат за нешто подобро, за нешто сопствено. Повозрасните помагаат, но сепак недоволно, цените во маркетите речиси до плафон.

Иако некој велат дека платите почнуваат да се стабилизираат, други децидни дека не. Разочарани од ситуациајта.

Граѓаните на терен се едногласни – проблемите постојат, но решенијата сè уште ги чекаат. Прашањето е: дали ќе се најде начин да се врати довербата и мотивацијата кај луѓето што сакаат да работат и дали газдите ќе ги вреднуваат работниците. Сите едногласни дека особено пропага текстилот кој некогаш беше бренд во Штип.

Иван Митев, М-Нет