
Поради изградба на брана на реката Отиња, денес и утре Општина Штип ќе изведде минирање на локалитет Јусменов рид во периодот од 11 до 18 часот. За самото минирање ќе се користи стопански експлозив амонекст 4, детонатори, анфо, рударски каписли и бавно горечки кабел, кои се согласно рударските прописи.
Зоната на минирање ќе биде строго обезбедена со жива сила, а секое минирање ќе биде најавено со звучен сигнал. Од Општина Штип апелираат граѓаните да не се приближуваат до просторот и да ги почитуваат безбедносните насоки.
Изградбата на браната претставува стратешки проект за градот, но во наредните два дена безбедноста на теренот ќе биде приоритет број еден.
Иван Митев, М-Нет