Во тек се активностите за големиот концерт за Тоше Проески во Штип, предвидена и крводарителска акција

Во четврток Штип ќе пулсира во знак на Тоше Проески, цел ден ќе биде исполнет со хуманост, музика и емоции – градот по втор пат ќе му оддаде чест на човекот што остави трага која не се брише. Како што денес најави организаторот Горан Стаменков, уште во утринските часови ќе се спроведе хуманитарна крводарителска акција под мотото „Биди хуман како Тоше“ – дело што го продолжува неговото несебично срце. Вечерта вистински спектакал, од 20 часот, започнува големиот концерт, отворен со хорска изведба од дечиња од Штип, а веднаш потоа – настапи од 16 македонски артисти.

Специјален гостин на вечерта е Александра Радовиќ, која ќе настапи со изведби од репертоарот на Тоше – во негова чест, од срце.

,,Во текот на денските часови од 10 до 16 ќе се слуќи хуманитарна крводарителска акција овде во дом на млади Штип, под мотото ,,,Биди хуман како Тоше“. Поканети се сите крводарители, сите оние кои што сакаат да дојдат и да го сторат тоа. Потоа вечерта стратува официјалниот дле од концерт. Го отвораат дечињата од детскиот фестивал Весело Штурче, со хорска изведба на две песни од Тоше. Потоа започнува концертот, како што најавивме ќе го отвори Бени. Настапуваат уште 16 артисти од Македонија, а како специјален гостин, успеавем да го договориме Александар Радовиќ, која со задоволство ја прифати поканата. Ќе настапи и таа со песни од Тоше. Ги покануваме сите граѓани да повелат, вратите ќе бидат отворени од 19:30 часот, а концертот ќе почне од 20 часот. “, рече организаторот Стаменков

Топла покана до сите граѓани, упатија и останатите кој се дел од организацијата на овој концерт, како и музичари, кој денеска дирекно од Штип го најавија настанот

,,Јас би ги поканил сите оние кои што можат да дојдат, да дојдат во што поголем број, да си поминат релаксирано, да видат една убава програма. Да се потестеиме на она што тој пееше. Тој беше голем хуманитарец, затоа што така беше и воспитуван. Би било паметно да дојдат сите во чест на неговата музика.“, рече Шакири

Во четврток, Штип ќе пее, ќе дарува и ќе се сеќава – со љубов, како што Тоше живееше.

Вратите се отворени од 19:30. Местото е Дом на млади.

Делото на Тоше – продолжувa

Иван Митев, М-Нет