Се празнува празникот Преображение Господово во Штип, чуда и денеска се случуваат

Со оро, песна и посна трпеза, Штип го слави големиот христијански празник Преображение Господово. Манастирот посветен на синот божји Исус Христос, кој се наога на само неколку километри над Штип, денеска собра голем број верници ширум државата, кои од рано утринава дојдоа да се поклонат и да запалат свеќа за здравје и спасиение. Некој чуле од свои блиски, други од болни луѓе, трети од луѓе од странство, дека овде на ова место луѓето си наогаат спас за болести и немири. Мирис на босилек, на китки, на темјан и на вкусна манастирска манџа уште од самата капија. И оние кои за прв пат го посетија манастирот со восхит пред камерите на нашата телевизија раскажуваат

Но, оние кои што нашле спас од ова свето место, денес за среќа застанаа храбро пред нашите камери и раскажаа за нивните дарови, кој им ги дарил спасителот на светот Исус Христос.

Инаку, манастирот слави неколку празници во годината. Покрај денешниот празник Преображение Христово, се слави и големиот христијански празник Велигден, како и Божик, на кои што денови, луѓето масовно доагаат и се поклонуваат пред иконата на спсителот Христос. Со силна вера, со многу љубов и мир на душата, верниците благодарејки на Бога и оваа година достојно го одбележаа празнико Преображение.

Иван Митев, М-Нет