
Ранливите потрошувачи на електрична енергија добиваат финансиска поддршка од страна на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Огласот е објавен од страна на министерството,
а истиот има за цел да обезбеди заштита на ранливите потрошувачи кои се наоѓаат во состојба на енергетска сиромаштија, преку унапредување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живеење на домаќинствата кои исполнуваат утврдени критериуми за ниски приходи или се социјално ранливи.
За ваквата поддршка можат да аплицираат категории на домаќинства како: Лица со најтешка телесна попреченост, слепи лица, глуви лица, лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со тоа што едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство. За доделувањето на оваа финансиска поддршка за потрошена електрична еденргија, потребно е најпрво да се потполнат барањата, а веднаш потоа да се завери на нотар изјавата за веродостојност на податоците, да се изврши фотокопија на решененијата за стекнато право на корисник на посебен додаток, како и да се фотокопираат последната сметка за електрична енергија за 2024 и фотокопии од личините карти на барателот и членовите на домаќинството за полнолетни лица. За лицата кои се малолетници, потребно е да се направи изводи од матична книга. З
а финансиска поддршка за потрошена електрична енергија – рокот за аплицирање е 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до крајот на август 2025 година.
Иван Митев, М-Нет