
Онколошки амбулантски терапии наскоро ќе почнат да се применуваат во Штип. Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека во Штип ќе започне со работа новиот онколошки центар, кој ќе им овозможи на пациентите да примаат амбулантски терапии локално, без да реба да патуваат до Скопје. Алиу истакна дека започнува процесот на создавање услови за почеток на овие услуги, кои ќе бидат интегрирани во постоечката клиника. Како што посочи тој целта е пациентите да добијат терапевтски третмани блиску до својот дом, со што ќе се намали нивниот стрес и патувања
,,Еден од приоритетите и заедно со директорот сме се виделе на работна група е онкологија. Центарот кој што ќе биде тука отворен. Знаете дека во тој дел теи пациенти се сензетивни и ќе сакаме да не патуваат до Скопје за да дел од здравствените процеси поврзани со нивното здравје да можат да ги аплицираат локално овде и тоа после креирање на минимум услови задолжители за да можат тие амбулантски апликации да можат да се извршат тука. Ценам дека таа амбуланта за онколошките пациенти ќе биде дел од вашата клиника тука.“ рече Алиу
Со отворањето на овој онколошки центар, Штип ќе добие значително подобрени здравствени услуги за пациентите со рак. Ваквиот напор на локалната здравствена инфраструктура ќе донесе олеснување, па она што останува понатаму е да се види како ќе функционира целосно на терен.
Иван Митев, М-Нет