Второлигашот Детонит Плачковица промовираше три нови засилувања

Екипата на Детонит Плачковица од Радовиш договори три нови млади фудбалери за новата сезона во Втората лига.

Се работи за Валентин Блажески, Мартин Шаренковски и Мартин Пивковски.

19-годишниот Блажески во Детонит Плачковица доаѓа од редовите на Њу Старс.

Пивковски кој е лев бек има 20 години, доаѓа од Брера Струмица, а со него доаѓа и 18-годишниот Шаренковски кој настапува во средниот ред.

Радовишани сезоната ја отвараат против Големо Коњари во гости.

Александар Ванев, М-Нет