Цените на услугите во угостителството пораснаа за 0.5% споредбено со претходниот месец

Цените на услугите во угостителството се зголемиле за 0,5% во месец јули годинава споредбено со претходниот месец.

Цените на угостителските услуги во јули 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, сe зголемени за 5.0 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 5.3 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.6 %.

Цените во угостителството, по групи, во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, се зголемени за:
0.4 % кај храна, 1.6 % кај алкохолни пијалаци, 0.9 % кај безалкохолни пијалаци и 0.2 % кај ноќевања.

Цените на услугите во угостителството бележеа раст и во претходните месеци, а тоа го покажаа анализите на Државниот завод за статистика. Во месец јуни пораснаа за 0,2%, а во мај за 0,4%.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет