Пченка од сортата ,,шеќерац“ почна да се продава на пазарот во Штип, три класта за 100 денари

Вкусна пченка од сортата шеќерац, за Илинден се продава на пазарот во Штип. Под цена од 100 денари за 3 класта ги нудат производителите на заинтересираните. Како што велат тие за нашата телевизија, процедурата дури пченката пристигне на тезгата не е многу тешка. Потребно е едно прскање, двапати да се наводни, а потоа останува само бербата. Додаваат дек од месец март, тие се на нива.

,,Шеќерац клас, 3 класта за 100 денари, ги зимаа луѓето сега пред Илинден. Процедурата е лесна, има само едно прскање, шеќерецот го напагаат црви, затоа мора да има едно прскање, а потоа натаму е лесно. Најмалку два пати треба да се наводнува, а кога ќе достигне висина, тој си држи сам сенка од своето стебло и лисја, па затоа не му треба вода.“, велат земјоделците

Земјоделите велат дека овој тип на класје, се варат бргу, а се многу корисни за организмот. Како што чуле од своите предци и лекари, во него има многу витамини.

Инку, пченката е корисна за организмот. Таа содржи важни хранливи материи, антиоксиданти. Одлична за варањето на храната, а ја спречува и појавата на хемороди. Пченкарните влакна пак исто така можат да помогнат во контролата на тежината со зголемување на чувството на ситост после оброк.

Иван Митев, М-Нет