
Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за новата сезона 2025/2026 во Суперлигата под водство на тренерот Горан Кузмановски.
На првиот собир Кузмановски на располагање ги имаше сите ракометари на кои ќе смета во новата сезона.
Првиот пријателски меч Бутел Скопје ќе го одигра во Пехчево против екипата на Вардар закажан за 9 август, а исто така клубот го потврди учеството на турнирите во Струга и Прилеп, каде исто така ќе бидат одиграни уште натпревари кои ќе послужат за темпирање на формата на новата сезона.
Ракометарите на Радовиш денес во СРЦ „25 Мај“ го имаат првиот собир и првиот тренинг со кој ќе се означи почеток на летните подготовки за новата сезона.
Радовишани за новата сезона се засили со Мартин Димов, Филип Сиљанов, Илија Табаков, Даниел Ацев и Бобан Каковски.
Радовишани ќе одиграат и неколку контролни натпревари со цел да ја темпираат формата за новата сезона, а која ќе започне на 6 септември.
Александар Ванев, М-Нет