
Високи цени, плитки џебови, кеси до половина — и денес скапо на виничкиот пазар. Доматот и до 100 денари за килограм, но ретко кој си отиде дома без барем еден. Граѓаните велат мора да се јаде. Делумно од нив произведуваат дома, а овде доаѓаат за да докупат што им е потребно, додека друг дел купуваа од се по малку. Не е лесно да се купи, уште повеќе не и да се произведе, додаваат тие.
Производителите, едни задоволни други не, велат дека жештината им направи доста штети, па покрај што едвај произведуваат, едвај и продаваат.
Инаку, оваа среда, граѓаните во Виница, дополнително купуваа и пипер, краставици, а барана беше и лубеницата, кој во овој период од летото беше со значително намалена цена.
Иван Митев, М-Нет