
Второлигашите активно продолжуваат со градењето на ростерите за следната сезона со промоција на нови играчи.
Детонит Плачковица се засили со три нови играчи за следната сезона, откако клубот од Радовиш се засили со Мартин Мисердовски, Јасмин Казимоски и искусниот Зоран Андонов.
22-годишниот Мисердовски е централен бек кој доаѓа од Работнички, а претходно беше дел од Њу Старс, Кадино и Каменица Саса.
Казимоски има 24-години и доаѓа од редовите на прилепска Победа, а претходно беше дел од Охрид, Воска Спорт, Новаци, караорман, Влазерими, Младост Царев Двор, Тетекс и Ренова.
Андонов кој има 25-години доаѓа од редовите на прволигашот Брера Струмица и всушност е повратник во тимот од Радовиш, бидејќи а истиот настапуавше една полусезона во сезона 2022/2023, а има настапуваш и за Брегалница, Кит Го од Пехчево и Беласица.
Претходно, Детонит Плачковица се засили со Сашко Дуков, Филип Ѓорѓиевски, повратникот Стефан Бабунски и Тино Спасиќ.
Екипата на Кожуф го промовираше Благој Спиркоски кој доаѓа од прволигашот Тиквеш од Кавадарци и ќе претставува најзвучното засилување кое доаѓа во второлигашот од Гевгелија.
Се работи за искусен дефанзивен играч од средниот ред со голем квалитет, а низ својата кариера 29-годишникот настапуавше за Гостивар, Силекс, Шкупи, Пелистер, Македонија ЃП, Победа, Еуромилк ГЛ, 11-ти Октомври и Хоризонт Турново.
Претходно, клубот се засили со стоперите Дарок Стојанов, Христијан Бејков, Бојан Ивчески, Ники Зумровски и Албан Мемеди.
Новиот второлигаш Шкендија од Арачиново го претстави 21-годишниот крилен напаѓач Албан Шабани кој доаѓа од редовите на Арсими. Тој игра по деснат страна од нападот и треба да биде вистинско освежување во тимот кој сега доби и нов тренер, а тоа е Љупчо Марковски – Калц.
Шабани има настапувано за Работнички и хрватска Горица како младинец, а беше дел и од Воска Спорт.
Новата сезона во Втора лига ќе започне на 23 август.
Александар Ванев, М-Нет