Празни останаа и онака малкуте тезги на пазарот во Облешево, продаваа повозрасните, купуваа пензионерите

Празни останаа и така малкуте тезги на пазарот во село Облешево. Високите температури од една страна, но и тоа што нема народ и пари од дрга страна го оставија речиси празен пазарот. Малкумината продавачи согласни дека нема кој да купува, а дополнително заради виските температури драстично е намалено и производството. Млади нема ни за работа во земјоделството, ниту за купување, па пазарот за неколку години нема ни да постои.

„Нема, слабо, па нема пари народот. Младите не сакаат да работат, а земјоделството бара работа, секоја вечер вадам. Нема пазар, нема луѓе, се пензионери, млади нема.“ – велат продавачите.

Дел од малкумината купувачи кои можеа да се сретнат на пазарот во Облешево, велат дека производство има, се купува на кого што му е потребно и согласно примањата.

Празни останаа и полињата во кочанскиот регион, градинраски култури има се помалку, а нема кој да работи. Затоа пазарите остануваат се попоразни и без народ.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет