Патот до успехот е тежок – штипјанецот Емил Павлов најуспешниот каратист од Македонија

Емил Павлов од Штип е најуспешниот каратист од Македонија кој зад себе има голема кариера. Тој во 2014 година го освојува првото европско злато, а потоа и во 2018 година, има и две бронзи од Европските првенства во 2016 и 2019 година.

Павлов освои и бронзен мелда и на Европските игри во Баку, Азербејџан во 2015 година, а има и сребрен медал од Дубаи кои го освои на Светското првенство во 2021 година.

Но, патот до успехот е тежок, раскажува Павлов во гостувањето во спортскиот магазин трибина на М Нет телевизија.

Павлов се сеќава на првиот златен медал освоен на Европското првенство во 2014 година.

Двократниот европски шампион вели дека дисциплината е многу клучен фактор на патот кон успехот.

Пред Емил Павлов следуваат нови предизвици – подготовки за квалификациите за ново Светско првенство.

Александар Ванев, М-Нет