
Вакциналниот пукнт во Штип со активности на терен во рамки на одбележување на Неделата на имунизацијата, се посетија и две основни училишта едно во Штип и едно во Карбинци. Праксата покажува дека се уште има дечиња кои ги немаат примено задолжителните вакцини, и само оваа година во 15 наврати за имунизација на терен вакцинирани се околу 130 дечиња. Дополнително има и дечиња кои воопшто не се запишани и немаат ниту картон во вакциналниот пункт во Штип.
„Во рамки на одбележување на Недела на имунизација имавме околу 15 активности на терен и заклучокот е дека навистина има потреба од излегување на терен. Покрај тоа посетивме и две училишта во Карбинци и ООУ „Гоце Делчев“ Штип каде спроведовме имунизација која беше со добар одзив. Акцентот веќе од септември со почетокот на новата учебна година би бил во насока повтроно да заживее процесот на имунизација во училиштата. Ние на терен наоѓаме многу деца кои имаат пропуштено вакцини, не се донесени во нашиот центар па дури и деца кои се фантоми. Оваа година имаше четири дечиња фантоми, а имунизирани на терен беа имунизирани околу 130 деца“ – вели Коцева – Миланова.
Дополнително од месец април оваа година вакциналниот пункт работи и втора смена, секоја среда до 17 часот. Ова е со цел да им се излезе во пресрет на родителите кои се втора смена на работа.
„Од април оваа година по препорака на Министерството за здравство воведовме втора смена. Тоа е еден ден во неделата, секоја среда до 17 часот. Полека како расте информираноста за таквиот начин на работа расте и интересот за имунизација на втора смена“ – додава Коцева-Миланова.
Доктор Коцева-Миланова упати апел до родиелите навремено да ги носат дечињата на вакцина, и доколку имаат било какви прашања да се обратат во вакциналниот пункт.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет