Македонија ЃП го промовираше Мирсад Рамиќ, Луис Фелипе е нов играч на Шкупи, Тиквеш се засили со Горгиевски

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Македонија ЃП претстави ново засилувања – се работи за искусниот напаѓач Мирсар Рамиќ.

Новото засилување на „лавовите“ го прави својот прв интернационален предизвик, досега тој настапуваше во родната Босна и Херцеговина, а доаѓа од редовите на Игман Коњиќ.

32-годишникот во својата кариера има настапувано за Тузла Сити, Слобода Тузла, ГОШК Габела, Слога Љубуски, Звијезда Градачац, Железничар Сараево, Травник, Турбина и Горазде.

Во својата кариера Рамиќ двапати го освои шампионатот на Босна и Херцеговина со Железничар Сараево во сезона 2011/2012 и 2012/2013, потоа Купот на Босна и Херцеговина во сезона 2010/2011 исто така со Железничар Сараево, а пак во сезона 2016/2017 со екипата на ГОШК Габела го подигна шампионскиот пехар во Втората лига на Босна и Херцеговина.

Претходно, Македонија ЃП ги промовираше голманот Ристе Јанков, потоа Дарко Глишиќ, Мухамед Елмас и Мартин Талаков.

Екипата на Шкупи за новаат сезона се засили со Луис Фелипе Рибеиро, кој игра во средниот ред, а доаѓа од академијата на Спортинг Лисабон.

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци за новата сезона во Првата македонска фудбаска лига се засили со Кристијан Горгиевски, кој треба да биде вистинско освежување за тимот од Кавадарци.

Александар Ванев, М-Нет