
Нивите празни, младите го напуштаат земјоделството, производителите загрижени за иднината. Една од главните причини за ова е масовната миграција на младите кои се одлучуваат за работа во странство, а земјоделството го сметаат за нефункционално поле. Истовремено, нема доволно млади наследници кои би ги презеле земјоделските стопанства од постарите генерации.
Ако некогаш немало добра цена и заработувачка, денес е обратно, но за жал сега нема производители, додаваат земјоделците
Понатаму она што останува како прашање е дали ќе се задржат младите во руралните области или ќе продолжи трендот на миграција? Ова е прашањето што стои пред иднината на македонското земјоделство.
Иван Митев, М-Нет