
Со мирис на темјан и ѕвонење на камбаните, низ сите православни храмови во земјава утрово се одржаа празнични литургии по повод праззникот Петровден – денот посветен на светиот апостол Петар, столбот на христијанската вера. Верниците уште рано наутро се помолија пред иконата на Св. Петар и Павле, посакувајки си здравје и благосостојба. Истовремен денеска завршува петровденскиот пост.
Инаку , Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Денеска именден празнуваат Петар, Петра, Петруна, Петранка, а утре Павле и Павлина.
Иван Митев, М-Нет