
Дали традиционалните вредности навистина се изгубени, или се само во процес на трансформација? Мнозинството граѓани се сложуваат дека почитта, чесноста и солидарноста – основните вредности кои ја обликуваа нашата заедница – денес се ретки и потиснати од модерниот начин на живот. Делумно веруваат дека овие вредности не исчезнале, но дека се се помалку присутни во секојдневните односи и активности.
,,Се губат и тоа многу. Тоа воопшто не е добро. Па овде почнуваат да се губат, затоа што се прифаќа нешто што не е добро од Западот“, велат туристите во Штип
Анкетираните на терен, потенцираат дека ваквата ситуација пред се е поради влијанието од Европа. Децидни дека и таму повеќе не е добро за живеачка
Она што останува како прашање е дали овие вредности ќе успеат да преживеат и да се прилагодат на новите реалности на современото општество, или ќе продолжат да се губат под влијание на глобализацијата и модерниот начин на живот.
Иван Митев, М-Нет