Штип доби уште една бронза: Марко Џорлев трет во светот на Младинската лига во Пореч

Штип доби уште еден бронзен медал, откако младиот и успешен каратист Марко Џорлев го освои третото место на Младинската светска лига во Пореч, откако се искачи на пиедесталот во конкуренција од најдобрите млади каратисти од целиот светот!

Во првата борба Џорлев имаше импресивна победа од 4:0 над натпреварувач од Хрватска, потоа во втората борба исто така со 4:0 го доби натпреварувачот од Белгија, а во третата борба загуби од каратист од Чешка со 0:8.

Во репасажот Џорлев забележа победа од 5:3 над каратист од Украина и 1:0 против каратист од Германија.

Во мечот за бронзениот медал Џорлев со 5:3 триумфираше над каратист од Украина и така дојде до третото место Младинската светска лига во Пореч во исклучително силна конкуренција.

Претходно, како што веќе информиравме бронзен медал освои и Љупче Михајлов со пет победи, а пак Драгана Ефтимовска заврши на петтото место, додека пак Мила Панчева имаше една победа, а Душица Бреслиева и Џем Пашов без победи.

За карате клубот Штип, тренерите Жарко и Сашко Арсови ова е голем успех, потврда дека одработиле одлични подготовки, потврда дека Штип, има одлични таленти, а македонското карате има одлична иднина.

Александар Ванев, М-Нет