
Дури за 20 проценти е зголемен бројот на туристи и ноќевања во Македонија во првите четири месеци од оваа година. Според премиерот Христијан Мицкоски, тоа значи повеќе пари за граѓаните, угостителството, како и услужната дејност. Како што истакна тој, оваа година се очекува уште поголемо засилување.
,,Добар податок во смисла на тоа дека повеќе од 20 проценти имаме и туристи и ноќевања во првите четири месеци. Тоа значи повеќе пари за граѓаните, кои што нудат услуга на овие туристи и тоа значи дека ако просекот е околу 800 евра дека секој од нив оставил надвор од аражманот, тоа се навистина 100 ци милиони евра, кои што ќе останат тука кај нас во угостителството, услужната дејност и т.н. Очекуваме засилување, уште поголемо. 40.000 туристи од западна европа веќе престојуваат, а тоа се некаде околу 160 000 ноќевања, надвор од зесоната.“, рече Мицкоски
Премиерот Мицкоски, потенцираше дека оваа година се очекуваа над милион ипол туристи, што го доведува фактот дека бројката е поголема во споредба со ланската година, кога имало милион и 200.
,,За следната година очекуваме половина милион надвор од сезона, очекуваме двоцифрен раст на туризмот. Влијае на бруто домашниот производ, економскиот раст. Оваа година очекуваме да дојдеме до милион ипол да дојдеме. Минатата година имавме 3 ипол милиони ноќевања, оваа година до четири милиони.“, додави Мицкоски
Ако продолжи вака, туризмот ќе донесе уште повеќе гости, повеќе пари и повеќе можности за сите. Македонија станува попосакувана дестинација за многу странски туристи, а тоа е добра вест за економијата во државата.
Иван Митев, М-Нет