
Засега нема најави за покачување на цената на лебот, иако според производителите на леб оваа можност не е исклучена. Со оглед на фактот дека изминатава недела се покачи цената на нафтените деривати, можно е да се покачи и цената на лебот. Но, се следи ситуацијата и случувањата ќе се знаат и исходите.
„Цената на нафата веќе расте, ништо не е исклучено континуирано да се покачува и цената на лебот. Но, ние имаме залихи, се надевам дека ситуацијата ќе се контролира и дека нема да оди во нагорна линија. Ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата.“ – вели Малинов.
Дополнително произведувачите не леб и бели пецива ја чекаат новата жетва на пченицата согласно тоа и новата цена на брашното. Децидни дека моменталната цена на лебот од 30 до 35 денари е прифатлива и се надеваат дека нема да се зголеми.
„Моменталната цена на лебот се движи од 30 до 35 денари во зависнос од лебот. Со оглед дека сега е топол период пекарите не прават големи залихи, а се чека новата цена на пченицита и брашното“ – вели Малинов.
Не се прават ниту големи залихи, па согласно ова не може да се прецизира со цената на лебот наредниот период.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет