Крстевски го повика сопственикот на пицеријата во Кочани јавно да ги снимаат условите во објектот

По изјавата на сопственик на пицерија од Кочани, со соопштение се огласи и в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски. Тој јавно го повика сопственикот да дозволи да се снима видео во живо со цел да се видат условите во пицеријата.

“Јавно го повикувам сопственикот на пицеријата да дозволи да снимаме видео кое ќе оди во живо на Фејсбук, истото да биде во рамките на неговиот објект (дивоградбата) за да ги соочеме фактите пред целата кочанска јавност.” – стои во соопштението на Крстевски.