Стојан Попоски е нов играч на ГФК Охрид Лихнидос

Стојан Попоски е нов играч на ГФК Охрид Лихнидос. Попоски доаѓа од редовите на Брегалница Штип каде што настапуваше претходната сезона. Стојан ги покрива десната бековска и крилна позиција. 24-годишниот Попоски во својата кариера покрај екипата на Брегалница има настапувано за екипите на Скопје, Борец и Кадино.