
По 40-ти пат ќе се одржи манифестацијата ШКЛ, децениска традиција што и оваа година нуди богата програма исполнета со културни и уметнички содржини. Стартот е закажан за 24 јуни, а активностите ќе траат сè до 30 јули, со вкупно 35 настани распределени низ повеќе локации. Со оглед на интересот, организаторите повикуваат публиката навреме да ги следи објавите и распоредот на настаните.
,,40 сетото издание на ШКЛ е веќе подготвено и спремни сме за старт, почнуваме од следната недела од 24 јуни и се до крајот на седми месец до 30 јули имаме содржини вкупно 35 на број и се трудиме да го задоволниме интересот на публиката.“, рече Панајотов
Програмата опфаќа разнолики културни форми –како од современата и модерна музика, така и од народната- постарата музика, одбележје на постоењето.
ШКЛ останува важна платформа за промоција на културата и литературата, особено кај младите генерации, и продолжува да ги негува вредностите во градот. Инаку, ваа манифестација е целосно подржана од страна на Општина Штип.
Иван Митев, М-Нет