
Јајца од продавница или домашни од пазарот? Штипјани внимателни при изборот. Иако на штипскиот пазар редовно се нудат домашни јајца како „поприродна“ алтернатива, сѐ поголем број граѓани одлучуваат да купуваат индустриски пакувани јајца од маркетите. Причината велат Јасна означени рокови и доверба во безбедноста на производот. Истакнуваа дека Во продавница знаат што купуваат, ги гледат роковите, знаат дека се проверени. Со домашниве како што велат– не знаат ни кога се снесени, ниту колку денови стоеле во гнездо.
Но, од друга страна голема улога врз изборот влијае и цената. Ако во продавница едно чине 8 денари, на пазар едно мајлаку 10 денари.
На крајот, изборот е личен – некои се водат по вкусот и традицијата, други по безбедноста и јасните информации. Без разлика дали ќе посегнат по домашно јајце од пазарот или по пакување од маркетот, штипјани секогаш внимаваат што ставаат на трпеза.
Иван Митев, М-Нет