Интересот кај младите за шахот во Штип се зголемува. Шаховската школа на ШК Нов Напредок ги отвора вратите за сите млади

ФОТО: М Нет телевизија

Се зголемува интересот кај младите за шахот, градот под Исарот има и шаховска школа која е дел од шаховскиот клуб Нов Напредок од Штип, каде младите имаат можност да се запишат и да започнат професионално со шахот како спорт.

Шаховскиот клуб Нов Напредок прави низа активности со цел да ги привлече млади кон хашот, а една нив е организирање на турнири во средните училишта „Јане Сандански“ и „Коле Нехтенин“.

Јорданов кој е највозрасниот член на ШК Нов Напредок вели дека има интерес и кај девојчињата за шахот.

Генерално шахот во Македонија оди во нагорна линија, интересот и за формирање на нови клубови е голем, како што вели Јорданов и во помалите места има интерес за формирање на шаховски клубови.

Штип има свој шаховски клуб, кој има свои простории и своја школа, каде младите можат да ги направат првите чекори и да научат многу повеќе за шахот и секако професионално да се занимаваат со овој спорт.

Александар Ванев, М-Нет