Коцевски: За приведените 13 полициски службеници постојат сомненија дека стоириле тешки дела против општата сигурност

Приведени се 13 полициски службеници во синоќешната акција во Кочани. Како што истакна јавниот обвинител Љупчо Коцевски на денешната прес конференција, постојат основани сомненија дека сториле тешки дела против опшштата сигурност.

„Донесе наредба за спроведување истражна постапка против 13 полициски службеници. Постои основано сомнение дека во период од 14.03.2025 до 16.03.2025 година на теритпријата на СВР Штип осомничените како службени лица сториле кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Имено истите како соизвршители не постапиле според прописите за мерките за заштита, одобриле план за акциска контрола на угостителски објекти на ПС Кочани, без да проверат дали истиот ги има сите проверки во наделжност на МВР.“ – вели Коцевски.

Полициските службеници на кобниот 16 март не спречиле палење на пиротехника и поради несоодветни услови за работа настан пожар во кој настапила смрт кај 62 лица, додаде Коцевски.

Заради непречено водење на кривичната постапка и обезбедување на присуство на обвинитите ќе им се определат мерки за претпазливст.

-И тоа: забрана за напуштење на живеалиштетот, односно престојавилиштето, обврска на обвинитете да се јавуваат повремено на определено службено лице, или кај надлежен државен орган, кој ќе ги определи судијата на претходна постапка, привремено одземање на патна или друга исправа за применување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана и контакт со определени лица, со осомничените лица, како и забрана за преземање на работни активности –полициски служби, рече Коцевски.

Тој истакна дека во оваа фаза Јавното обвинителство не може повеќе информации и детали да сподели за јавноста, бидејќи јавниот обвинител се уште постапува за овој случај.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет