
Завршуваат градежните активности на улицата Широк Дол во Штип, каде што се изведува финалната фаза на реконструкцијата – асфалтирањето на преостанатиот дел од улицата, како и површините пред станбените згради и просторот за паркирање. Иако првично не беа опфатени со проектот, овие зони се додадоа поради реалната потреба на граѓаните. Градоначалникот Иван Јорданов, рече дека за оваа намена се издвоени над 1,5 милиони денари, со што улицата Широк Дол конечно добива комплетно нов изглед, согласно програмата и планот за инфраструктурно уредување,
,,Се наоѓаме на улицата Широк Дол, останатиот дел од улицата која што во изманитите месеци целосно беше реконструирана. Предвидено е да биде денес изасфалтиран, опфаќајки ги површините пред станбените згради и една површина за паркирање на возилата на жителите од станбените згради. Површина која што за ради други околности не беше опфатена од првично предвидениот проект, но имајќи во предвид дека е користена и дека овде има неколку станбени згради, а со денешниот ден веќе се финализираат активностите за завршување на предвидените активности на улица Широк Дол асфалтирање. Повеќе од 1, 5 милиони денари се одвоени за оваа намена и со ова улицата ќе биде целосно реконструирана согласно програма и проектот.“, рече Јорданов
Она на што ќе се работи во следниот период, Јорданов истакна дека ќе биде улицата Пиринска, на кој што како што рече тој во изминатиот месец се работеше на подземната инфраструктура.
Инаку градоначалникот Јорданов, најави и дека паралелно на работните активности на ул, Пиринска, ќе се работи и на бул Партизанска, кој во овој период ќе добие засилена динамика во делот на доизградбата.
Иван Митев, М-Нет