Во следната сезона 2025/2026 од Прва лига последните три екипи ќе испаѓаат директно, а две екипи ќе играат бараж за опстанок!

Следната сезона 2025/2026 во Првата македонска фудбалска лига ќе биде голема борбата да се озбеди опстанокот, бидејќи поради кратењето на лигата од 12 на десет екипи, директно ќе испаднат три екипи, односно тоа ќе бидат екипите кои ќе се пласираат на 12-тото, 11-тото и десеттото место.

Дополнително, екипите кои ќе завршат на деветтото место и осмото место ќе играат бараж за опстанок во елитата за сезона 2026/2027.

Следната сезона од Втора лига само шампионот ќе има директен влез во Прва лига, додека пак второпласираната екипа во Втората лига ќе игра бараж за можен влез во Прва лига со прволигашот кој ќе заврши на деветтото место, а пак вториот бараж меч ќе биде меѓу третопласираниот второлигаш и осмопласираниот прволигаш.

Ова ќе значи и многу потешка борба за влез преку бараж од Втора во Прва лига следната сезона, а веќе од сезона 2026/2027 ќе исе воведе плеј-оф во Втората лига, со тоа што вториот ќе игра со петтиот, а третиот со четвртиот, а потоа ќе победниците од овие баражи ќе играат нов бараж со прволигашите од деветтото и осмото место, а десеттиот од Прва лига ќе испаѓа директно.

Александар Ванев, М-Нет