
ПРИСТИГНУВА ПРВИОТ ТОПОЛ БРАН – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ДО 34 СТЕПЕНИ
На прагот од летото, метеоролозите го најавија првиот топол бран за оваа година. Температурите ширум земјата оваа седмица значително ќе пораснат и ќе достигнат дури до 34 степени Целзиусови.
Како што информираат за М-Нет телевизија, од утре започнува период на стабилно, претежно сончево и вжештено време. Особено топло ќе биде во југоисточниот дел од земјата, каде што дневните температури ќе се движат и до 35 степени
Но иако високите температури ќе започнат да растат, сепак можноста за врнежи од дожд не е исклучена. Фиданоска Мишкоска, рече дека од месец мај до септември источното подрачје е под влијание на продор од топла и влажна воздушна маса, што допринесува за краткотрајни дождови.
Со оглед фактот дека во следниот период дневните температури значително ќе растат, лекарите апелираат до граѓаните на внимателност. Да се користат заштини креми, да се внесува повеќе течности и да не се изложуваат на сонце.
Иван Митев, М-Нет