
Во срцето на Штипско Ново Село, кај старата црква која стои како жив сведок на историјата, денес се река од народ се собра – со едно срце и една мисла. Спасовден, празникот на Христовото вознесение, и оваа година ги обедини верниците.
Со свеќа во рака и надеж во срцето, штипјани му се обратија на Бога. Свештениците извршија света литургија, а потоа следеше и обредот на помазување со свето масло – симбол на благослов и духовна сила. Верниците посакаа на сите здравје, мир и љубов.
Инаку, празникот покрај во Штип се празнува и во село Карбинци, а домаќините од таму чекаат гости со полна трпеза од храна. Во општината вечерва има и богата манифестација.
Иван Митев, М-Нет