
Со свечена седница и коктел, Општина Карбинци од утринава официјално го започна прославувањето на празникот Вознесение Христово-Спасовден. Општината слави два празника патронот Спасовден, како и 29 години од своето постоење. Но вистинскиот ритам на прославата се вклучува вечерва. Како што рече градоначалникот Паунов Од 19:30, стадионот во Карбинци станува центар на музиката и забавата. Настапуваат три големи имиња – Диези бенд, Јордан Митев и српскиот Амадеус бенд. Очекувањата се добра забава, висока енергија и атмосфера за паметење.
,,Започнува денепната програма уште наутро. Во 10 часот започнува свечената седница, која што ќе се одржи на советот на Општина Карбинци, ќе го честитаме празникот, ќе имаме присутни гости од општината, како и луѓе кои се значајни и биле значајни во минатото за развојот на нашата општина. Потоа она што ќе следи е во текот на вчерните часови, оној најавен концерт, кој што ќе започне во 19:30 на локација на стадниот во Карбинци и потоа до полноќ ќе имаме можност да го проследиме во неколку различни верзии, односно ќе имаме множност да проследиме 3 концерти на изведувачите Диези бенд, Јордан Митев и на крај гостите од србија, а тоа се Амадеус бенд. Ќе имаат можност да ја развеселат, односно публиката да ужива во звуците за музиката.“, рече Паунов
Градоначалникот Паунов топло ги покани сите заинтересирани и како што рече Општина Карбинци вечерва ќе биде центар на истокот.
Инаку Општина Карбинци, празникот го слави долги години. Секоја година општината приредува богата програма за посетителите и за жителите. Како што соопштуваат од таму, се очекуваат околу пет илјади посетители.
Иван Митев, М-Нет