Фудбалерите на Вардар Неготино револтирани, не им се исплатени платите за втората полусезона!

Фудбалерите на Вардар Неготино револтирани зошто им и се исплатени платите за втората полусезона. Тимот обезбеди опстанок во Втората лига, но на играчи им е исплатена една од вкупно пет плати.

Како што се вели во соопштението објавено на страната на навивачката група „Винари Неготино“, фудбалерите добиваат поддршка и од навивачите со цел да си ги добијат платите.

„Ние играчите на ГФК Вардар Неготино изразуваме револт кон управата и градоначалникот поради неисплатени плати во втората полусезона, исплатена една од вкупно 5 плати, како и дел од премиите кои ни беа ветени од минатата сезона. Со овој повик сакаме да биде запознаена јавноста во Неготино околу ситуација во клубот. Ние како група која е секогаш тука за клубот и градот ги подржува фудбалерите и бара одговорност од горе наведените“, се вели во соопштението објавено на профилот на социјалната мрежа фејсбук на „Винари Неготино“.

Ова е вторпат да реагираат фудбалери за неисплатени плати.