
Последни подготовки пред одбележување на празниот Спасовден во Општина Карбинци. Со свечена целодневна манифестација ќе се одбележат 29 години од постоењето на општината. Утревечер започнува турнирот во борење како дел од активностите, а веќе во четврток настаните започнуваат со свечена седница, а завршуваат со настап на музичка група од Србија.
„29 години од основањето на Општина Карбинци ќе прославиме на еден навистина свечен начин. Она што ќе следи во четвртокот ќе биде детална програма од самиот почеток на денот, со свечена седница. Ден претходно ќе се одржат спортски активности, ќе има турнир во борење, а на самиот ден во вечерните часови ќе има музичка програма.“ – вели Паунов.
Годинава по повод одбележување на 29 години од постоењето на Општина Карбинци и празникот на општината Спасовден, се очекуваат околу пет илјади посетители.
Во наредниот период настан се пдоготвува и за одбележување на празникот Света Троица во село Таринци.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет