
Мајскиот дожд ја врати надежта на македонските земјоделци. По месеци неизвесност и страв од суша – природата конечно застана на страната на земјоделците. Мајскиот дожд, кој падна во вистинскиот момент, ја врати надежта за родна и стабилна година. Од нивите со пченка до тутунските полиња – земјата повторно дише.
И тутунарите од карбинско Радање, засега задоволни од дождот. Како што истакнаа и тие се надеваат на добр род.
Инаку, според последните информации од синоптичарите, врнежи од дожд се најавени до крајот на месецот, а стабилизирање со температурите веќе од јуни. Согласно досегашните врнежи, земјоделците се надеваат за плодна година.
Иван Митев, М-Нет