
Појавата на мајмунски сипаници во државата го отвори прашањето како се пренесуваат и на што треба да се внимава. Иако во државата има само два случаи, а во истиокот засега ниту еден, сепак лекарите велат дека можност за појава има. Д-р Валетина Митрова рече дека најосновни симптоми се настинка со главоболка, болка во грб, покачена телесна температура, како и појава на испакнатости, кои преминуваат во крусти.
,,Значи има два случаи официјално во градот Скопје, тоа е веќе потвредна информација. Во Штип се уште нема регистрирано вакви случаи, но тоа не значи дека ќе нема. Човекот започнува како една блага настинка со главоболка, со болки во грб, покачена телесна температура. Потоа следните симптоми појавување на испакнатите на кожата, обично на рацете, нозете , но и по целото тело. Потоа овие испакности, преминуваат во течности, а потоа во крусти. Овој период кога веќе има крусти, секое лице кое што ќе биде во контакт со ова лице може да заболи.“, рече Митрова
Mитрова ја ситушува ситуацијата, вели нема простор за паника. Истакна дека за болеста постои вакцина, меѓутоа не е се препорачува затоа што нема смртност.
Мајмунски сипаници е заразна болест на животните и луѓето, која се одликува со треска ,општо труење и појава на егзантема.
Иван Митев, М-Нет