Беса се откажува од Втора лига, ќе се фокусира на академијата!

Екипата на Беса која беше дебитант во Првата лига денес на Градскиот стадион во Кавадарци со 2:0 загуби до баражот за опстанок од Башкими и испадна во Втора лига.

Веднаш по мечот екипата на Беса преку соопштение информираше дека се откажува од Втора лига и ќе се посвети на академијата.

„Сопствениците на клубот Беса 1976 ја известуваат јавноста за повлекување од раководењето со првиот тим. Академијата останува единствен фокус! По долг период на ангажман, посветеност и жртва за нашиот клуб од срце, донесена е одлука дека од денес екипата нема да се натпреварува ниту во Втората лига на РСМ. Фокусот ќе биде целосно насочен кон академијата. Им се заблагодаруваме на сите фудбалери и тренери. Во овој момент на разделба, чувствуваме должност и желба од срце да им се заблагодариме на сите навивачи кои нè поддржувале – и во добро и во лошо – на секој фудбалер што ја носел нашата маичка, на тренерите и техничкиот штаб, соработниците, спонзорите и секој поединец што дал најмал или најголем придонес во нашиот пат“, се вели во соопштението на Беса.