Разбирање со поглед, тишна, но и целосно завршена работа – вака функционираше медицинскиот персонал во КБ Штип на 16 март

Разбирање со поглед, тишна, но и целосно завршена работа – вака функционираа лекарите и медицинскиот персонал во КБ Штип на кобниот 16 март. Билјана Рогожарска медицинска сестра во оваа болница, со сеќавање за денот кога се случи страшниот пожар во дисктоеката во Кочани. Вели дека над 110 млади деца поминале низ штипската болница, а целиот персонал бил на готовс да помогне колку што може повеќе.

„Нашата клиничка болница беше главна карика во примањето и триажирањето на пациентите. Преку нашата болница поминаа околу 110 пациенти, за жал дел од нив беа донесени веќе починати. Се мобилизиравме сите буквално, функциониравме беспрекорно.“ – вели Рогожарска.

Емоциите и стерсот кај медицинските лица доаѓа отпосле, бидејќи во моментот на случувањата сите мораат максимално да бидат фокусирани на нивната работа. Така било и на 16 март, кога сите барале помош од нив да се спаси човечки живот плус.

„Во моментот на работа го слушаш лекарот, го следиш. Медицинските лица се поготвени, ние комунициравме со поглед. Кај нас емоциите и стресот доаѓаат одтпосле“ – вели Рогожарска.

Кобниот 16 март во дискотеката Пулс во Кочани, во пожарот животот го изгубија 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Иван Митев, М-Нет