Штипјани не се откажаа од пазарување и во врнежливо време, пазарот и денес полн

Штипјани не се откажаа од пазарување и во врнежливо време, пазарот во Штип и денес жив и полн. Додека дождот не престануваше да врне , граѓаните на Штип продолжија со своите дневни пазарувања, барајќи најсвежи производи од локалните земјоделци. Најголем интерес овој петок кај купувачите имаше за свежите пиперки и домати, кои беа најпродаваните производи денес. За тоа дали е скапо или не, велат тоа зависи од длавочината на џебот.

За продавачите цените и овој петок реални, според нив овој петок по слаба е побарувбачката на овошјето, а зголемена побарувачката на зеленчукот, особено на доматите

Инаку, овој петок за прв пат започна да се продава и црешата, но истата беше под висока цена за граѓаните, па истата се само одминуваше.

Иван Митев, М-Нет