На прсти се броеа продавачите и купувачите на пазарот во Облешево, цените високи до плафон

Слаб пазарот во село Облешево, тезгите се броеа на прсти исто како и купувачите. Расадот денеска најмногу се бараше иако цената беше далеку од задоволителна за продавачите. Велат дека пазарот во Облешево е еден од послабите споредбено со пазарите во останатите градови во државата. Но, додаваат дека мора да се живее од нешто и да затоа работат и произведуваат.

На неколку тезги можеше да се најде и зеленчук и овошје, но цените високи за стандардот на граѓаните. Дури и самите продавачи беа свесни дека цените на производите се високи. Децидни дека за неколку години и овој пазар ќе го снема, исто како и сточниот пазар кој од годините наназад беше доста популарен во Облешево.

На малкуте тезги во Облешево се нудеше и грав, ракија и домашни јајца.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет