
Цврста увереност и убедлива победа на претстојните локални избори, денес од Штип изрази претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, неговата партија веќе покажала како се управува и на локално и на централно ниво, без скандали поврзани со корупција или криминал. Мицкоски денес од Штип порача дека резултатите од досегашното работење се доказ дека партијата има капацитет за ефикасно и одговорно управување на институциите, како на локално, така и на централно ниво.
,,Убеден сум дека ќе биде на историски голема победата на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што поакжавме на локално ниво и покажувам овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите, без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба. Еве вие сте сведоци дека поминува четвртата година од преходните локални избори и најголем дел од градоначалниците 42 се од ВМРО ДПМНЕ или коалицијата. Би рекол дека нема никакво основано сомневање за сторен криминал или корупција. Покажавме и докажавме дека можеме многу подобро да ги управува институциите и општините од многу.“, рече Мицкоски
Многу наскоро и во исчекување на втората половина на месец Мај, ќе се знаат имињата на градоначачлниците додава Мицкоски, за кои што ќе има дебата дали ќе бидат прифатени.
,,Многу скоро од денеска, втора половина некаде од мај ќе излеземе со околу 85-90 проценти од имињата со градоначалниците, за кој што ќе има дебата дали ќе бидат прифатени.“, додава Мицкоски
Со најавата за скоро објавување на имињата на кандидатите за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ги засилува подготовките за локалните избори.
Иван Митев, М-Нет