
Во тек се градежните активности за асфалтирање на Сервисна улица 5 во селото Таринци во Општината Карбинци. Проектот е делумно кофинансиран од страна на општината, додека остатокот од средствата се обезбедени преку владина поддршка.Станува збор за важен инфраструктурен зафат во селото Таринци, најголемото и најурбанизирано населено место во општината. Улицата се протега на значителна должина и ширина, со што се добива булеварско решение кое ќе овозможи подобра поврзаност и безбедност за сообраќајот. Според градоначалникот Виктор Паунов, проектот вклучува изградба на тротоари и атмосферска канализација, што ќе овозможи поквалитетна урбана средина за жителите на ова населено место.
,,Во тек се активностите за асфалтирање на сервина улица 5, тоа е улицата од проектот кој што Општина Карбинци го аплицираше во рамиките на повикот од страна на владата, во оној прв дел со вкупна вредност од 12 милиони и 300 000 денари во кој што општината овде кофанинасира некаде 3 милиони и 100 000 денари, а остатокот, односно поголемиот дел од 9 милиони 250 000 денари е обезбеден од страна на владата, преку поддршката од унгарскиот кредит во оној прв дел. Се работи за сервисна улица 5 дел од главната улица во најголемото населено место во Општина Карбинци тоа е селото Таринци, каде што е со должина од 400 метри должни и ширина од 9 ипол метри. Практично едно едно булеварско решение во најурбаното населено место, со целосна тротоарска површини и одводна т.е атмосферска канализација“, рече Паунов
Проектот е по барање на жителите од селото, рече Паунов и затоа со истиот се аплицираше и заедно со владата се реализира. Адекватно на ова министерот на локална самоуправа Златко Перински истакна дека овие инвестиции за жителите ќе претставуваа можност модерно и соодветно да живеат.
Инаку, општината за вториот повик аплицираше со вкупно 4 проекти, а сумата која што општината ќе ја добие е една од највисоките до сега и истата изнесува некаде околу 460 000 евра.
Иван Митев, М-Нет