
Со оро, песна, молитва и манастирска манџа, на големо се слави Ѓурѓовден во Штип. Уште рано наутро со берење билки и врбови гранчиња, граѓаните започнаа со одбележувањето. Кај светата вода на Св. Ѓорѓи Победоносец во штипската населба 8- ми ноември и денеска весело верниците дојода.Според верувањата, водата од овој извор има исцелителна моќ, па граѓаните се миеја и полнеа шишиња со света вода за дома. За М-Нет телевизија, старите штипјани потсетуваат на богатата традиција на македонскиот народ која го красела Ѓурѓовден со различни обичаи – лулање на момите, мерење на кантар, лепење со лепешки и пеење на ѓурѓовденски песни, што денес се обидуваат да се зачуваат од заборав.
Домаќинот Симо Костадинов и денес со топло срце и ширум отворени порти ги пречека верниците. Како што соопшти за нашата телевизија веќе 23 години тој служи на водата.
И додека дел од старите обичаи полека се губат, Ѓурѓовден во Штип останува симбол на верата, заедништвото и желбата за нов почеток – токму како што носи и пролетта.“ Со надеж дека обичаите ќе продолжат да се пренесуваат од генерација на генерација, градот под исарот денес испрати порака – дека традицијата живее и дека народот верува и слави.
Иван Митев, М-Нет