
Македонската боречка репрезентација од 15 години ќе учествува на Меѓународниот турнир „Ахилеија“ во Лариса, Грција. Тренер на женската репрезентација ќе биде Марјан Христов, а пак Јасин Реџелари и Риад Реџепи ќе бидат тренери на машката селекција.
Во состав на македонската репрезентација е и судијата Игор Христов.
Македонската репрезентација во борече У-15 ќе настапи во следниот состав.
Во машка конкуренција ќе до 38 килограми ќе бидат Ендрит Сулејмани и Заим Заими, до 41 килограми ќе биде Лука Ананиев, до 48 килограми Мираџ Мустафа, до 52 килограми Абдулазиз Азизи, до 57 килограми Дардан Бела, до 62 килограми ќе настапи Матеј Трајковски, до 68 килограми за македонската репрезентација ќе настапи Даријан Павлев, до 75 килограми Димитар Атанасов, а до 85 килограми ќе настапи Христијан Димитријев.
Во женска конкуренција до 50 килограмие ќе настапи Спасија Василева, до 54 килограми Теа Донева, до 58 килограми Михаела Георгиева, до 62 килограми ќе биде Изабела Зајков, а до 66 килограми за македонската репрезентација ќе настапи Викторија Ѓурова.
Александар Ванев, М-Нет