
Релативно мирен 1 Мај – Итната медицинска помош интервенирала во 78 случаи
Во пресрет на празнувањето на Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, Итната медицинска помош известува дека деноноќието поминало на задоволително и мирно ниво. Иако празникот традиционално се поврзува со излети во природа, дружење и скара, оваа година помина без поголеми инциденти.
Од службата информираат дека не се евидентирани сообраќајни незгоди, повредени лица, ниту интервенции поврзани со прекумерна консумација на алкохол. Сепак, активностите не изостанаа – во текот на 24 часа, евидентирани се околу 60 амбулантски прегледи, додека екипите на терен интервенирале во 18 наврати.
Најчести причини за повик биле епилептични напади, случаи на хипогликемија, како и вообичаени симптоми како главоболка, покачен крвен притисок, гадење и повраќање.
Во споредба со претходни години, 1 Мај 2025 година се оценува како релативно мирен, а Итната медицинска помош ја заврши својата работа професионално, без сериозни интервенции.
Иван Митев, М-Нет