
Продолжува борбата на Овче Поле, Балкан и Мал Ајакс за влез во Првата футсал лига, овие три екипи се израмнет и сакаат следната сезона да играат во елитата, но место има за две, една екипа ќе извиси.
Утре се игра големото дерби во Свети Николе меѓу ланскиот прволигаш Овче Поле и Балкан, две екипи кои имаат отворени амбиции за влез во Првата футсал лига уште пред почетокот на сезоната.
Овче Поле сака експресно да се врати во Првата лига откако минатата сезона испадна, а пак Балкан кој ангажираше неколку квалитетни засилувања цели кон влез во елитата. Натпреварот во Свети Николе.
Утре, исто така штипски Мал Ајакс го очекува неизвесен меч каде нема право на грешка, на гостински терен против ССК Скопје, натпревар кој се игра во Скопје.
За штипјани само три бодови се опција, а притоа да се надеваат на реми во Свети Николе и во таков случај може да го превземат врвот.
Важно и клучно 22. коло кога е во прашање местата кои водат кон Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет